Во “Службен весник на РСМ“, бр. 214/26 објавена е Одлуката за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка, со која поблиску се определуваат видот на енергентите и временскиот период на примена на повластената даночна стапка во услови на постоење на кризна состојба поради можност за настанување на пореметувања на снабдувањето со нафта и нафтени деривати на населението.
Енергентите за кои се применува повластената стапка на данокот на додадена вредност ОД 15 СЕПТЕМВРИ 2026 ГОДИНА ДО 28 СЕПТЕМВРИ 2026 година од 10% се распоредени во следниве тарифни броеви/подброеви/ознаки/глави од Царинската тарифа:
| Ред. бр. | Глава/тарифен број/подброј/ознака | Наименување на стоките според Номенклатурата на царинската тарифа |
| 1. | 2710194200 | Со содржина на сулфур што не надминува 0,001% по маса: со содржина на јаглерод на био основа најмалку 80% по маса |
| 2. | 2710194400 | Со содржина на сулфур што не надминува 0,001% по маса: со содржина на јаглерод на био основа најмалку 80% по маса: Друго |
| 3. | 2710194600 | Со содржина на сулфур што надминува 0,001% по маса, но не надминува 0,002% по маса |
| 4. | 2710194700 | Со содржина на сулфур што надминува 0,002% по маса, но не надминува 0,1% по маса |
| 5. | 2710194800 | Со содржина на сулфур што не надминува 0,1% по маса |
| 6. | 2710201100 | Гасни масла: со содржина на сулфур што не надминува 0,001% по маса |
| 7. | 2710201600 | Гасни масла: со содржина на сулфур што надминува 0,001% по маса, но не надминува 0,1% по маса |
| 8. | 2710201900 | 2710201900 Гасни масла: со содржина на сулфур што не надминува 0,1% по маса |