Царинската управа ги известува производителите, увозниците, трговците на големо и трговците на мало дека согласно Одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтени деривати и горива за транспорт број 02-1449/1 од 31.05.2022 година донесена од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија вкупниот износ на акцизата почнувајќи од 00:01 часот на 01.06.2022 година изнесува:
- Безоловниот бензин Еуросупер БС 95 и Еуросупер БС 98 износ на акциза од 22,00 ден/лит,
- Гасно масло како погонско гориво Еуродизел БС (D-E-V) и Екстра лесно масло за домаќинство ЕЛ износ на акциза од 15,50 ден./лит
Согласно одредбите од член 104 од Законот за акцизите производителите, увозниците, трговците на големо и трговците на мало се должни на денот на почетокот на примената на зголемувањето на акцизата на енергентите (01.06.2022 година во 00:01 часот) да направат попис на затечените залихи на енергенти, да подготват записник за извршениот попис и да го поднесат до царинскиот орган не подоцна од 5 работни дена од датумот на зголемување на акцизата.
Покрај записникот од извршениот попис потребно е и да се достави до надлежниот царински орган (Царинска управа – Сектор за акцизи) акцизна декларација во електронска форма или во хартија (само за трговците кои не се регистрирани во СОЦДАД-АКЦ-ДАММ во прилог), а разликата од акцизата да се плати најдоцна во рок од 15 дена од денот на зголемувањето на акцизата, односно најдоцна до 15.06.2022 година.
Согласно наведеното, разликата во акцизата која треба да се доплати изнесува:
– Безоловниот бензин Еуросупер БС 95 и Еуросупер БС 98 – 2 ден/лит,
– Гасно масло како погонско гориво Еуродизел БС (D-E-V) и Екстра лесно масло за домаќинство ЕЛ – 2 ден/лит,
Како дополнително појаснување Уплатите се вршат на следните сметки:
- сметка на акциза на Еуросупер БС- 95, на Трезорска сметка на НБРСМ 100 000 000 063 095, уплатна сметка 840 -ХХХ – 02944, приходна шифра 714264
- сметка на акциза на Еуросупер БС- 98, на Трезорска сметка на НБРСМ 100 000 000 063 095, уплатна сметка 840 -ХХХ – 02965, приходна шифра 714265
- сметка на акциза на Еуродизел БС (D-E-V), на Трезорска сметка на НБРСМ 100 000 000 063 095, уплатна сметка 840 -ХХХ – 02970, приходна шифра 714266
- сметка на гасно масло-гориво за греење (ЕЛ-1), на Трезорска сметка на НБРСМ 100 000 000 063 095, уплатна сметка 840 -ХХХ – 02939, приходна шифра 714263.
Зa дополнителни појаснувања и консултации Ве упатуваме да го користите информативниот систем на Царинската управа на следниот линк AkciziEnergenti@customs.gov.mk