• ПОЧЕТНА
  • ЗА НАС
  • ПРЕТПЛАТА
  • КПУ
  • КОНТАКТ
  • ЛИНКОВИ
  • ПОЧЕТНА
  • ЗА НАС
  • ПРЕТПЛАТА
  • КПУ
  • КОНТАКТ
  • ЛИНКОВИ

ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА ГОЛЕМО И ТРГОВИЈАТА НА МАЛО

Врати се назад

Во „Службен весник на РСМ“, бр. 166/25 објавена е Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и мало со училишен – во натамошниот текст: Одлуката.
Одлуката влегува во сила и се применува од 8 август 2025 година.
Највисоките цени на производите од Одлуката ќе се применуваат од 15 август 2025 година до 15 септември 2025 година.
Највисоката цена во трговијата со училишен прибор, се однесува за следниве производи:
– ранци и ташни;
– тетратки, блокови, колажи;
– моливи и пенкала (економични, пластични);
– дрвени и мрсни боици;
– пластелин, теста за моделирање, подлоги;
– фломастери и текст маркери;
– темперни, акрилни, водени бои и четки;
– линијари и дидaктички материјали;
– острилки и гуми за бришење;
– детски ножици;
– футроли и етуи;
– лепак, шестар, дигитрони;
– украсна хартија;
– папки и картонски ташни и
– материјали за изработка.
Највисоките цени на наведените производите се утврдуваат на нивото на цените (со исклучок на цените на акциска продажба) кои се применувале на 1 јуни 2025 година:

  • во трговијата на големо – кои цени се намалуваат најмалку за 10%,  
  •  во трговијата на мало (специјализирани продавници за продажба на училишен прибор, продавници за спортска опрема кои продаваат ранци и ташни и трговци на мало кои во својот асортиман на производи продаваат и училишен прибор) – кои цени се намалуваат најмалку за 15%.

По исклучок, за производите кои се набавени по 1 јуни 2025 година, највисоките цени на наведените производи се утврдуваат на:

  • во трговијата на големо на нивото на цените евидентирани во Материјалната евиденција во трговијата на големо (Образец МЕТГ), кои цени се намалуваат најмалку за 10%,
  • во трговијата на мало на нивото на цените евидентирани во Приемниот лист во трговијата на мало (Образец ПЛТ), кои цени се намалуваат најмалку за 15% .

Трговците за вршење дејност трговија на мало, наведените производи, кои се поставени на полиците треба јасно да ги обележат со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“:

  • кој е објавен на веб страницата на Министерството за економија и труд,
  • со претходната продажна цена на која е утврдено намалувањето и новата намалена продажна цена.

PrevПРЕДХОДНА ОБЈАВАПРОЦЕНТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА АКОНТАЦИЈАТА ЗА ДАНОК НА ДОБИВКА ЗА МЕСЕЦ ЈУЛИ 2025 ГОДИНА Е ПОЗИТИВЕН И ИЗНЕСУВА 2,5%
СЛЕДНА ОБЈАВАПРОЦЕНТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА АКОНТАЦИЈАТА ЗА МЕСЕЦ АВГУСТ 2025 ГОДИНА Е ПОЗИТИВЕН И ИЗНЕСУВА 2,9%Next
мај 12, 2026
ПРОГРАМА ЗА ЕДНОДНЕВНО КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ КПУ 2/2026 ДЕКЕМВРИ 2026 ГОДИНА (03.06.2026 год.)
Види повеќе >
мај 7, 2026
ПРОЦЕНТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА АКОНТАЦИЈАТА ЗА МЕСЕЦ АПРИЛ 2026 ГОДИНА Е ПОЗИТИВЕН И ИЗНЕСУВА 0,7%
Види повеќе >
април 7, 2026
Процент на цените на мало за аконтацијата за месец Март 2026 година е негативен и изнесува -0,2%
Види повеќе >
април 6, 2026
Објавена е Oдлуката на Уставен суд У.бр.267/2024 од 04 март 2026 година со која се укинува дисциплинската мерка „одземање на уверението“ од  Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на РСМ” бр.173/2022 и 47/2025).
Види повеќе >
  • Скопје: ул. Бриселска бр. 9/1-8
  • Телефон: 02/ 3124-311; 02/ 3124-310
  • E-mail: info@konsaltingpekovic.mk
  • Политика за колачиња

2025 © Сите авторски права се задржани | Изработено со 🤍 од: WEB.mk