Соопштение на Централниот регистар од 28 февруари 2025 година – „Известување за продолжување на рокот за доставување на годишни сметки за 2024 година во хартиена форма
Почитувани,
Согласно Извадокот од Нацрт – записникот од Педесет и петтата седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 28 февруари 2025 година, Ве известуваме дека Централниот регистар го продолжува рокот за доставување на годишни сметки за 2024 година во хартиена форма до 3 март 2025 година до 24 часот.
Тарифата и другите услови за доставување на годишните сметки во хартиена форма остануваат исти како до крајот на февруари 2025 година.
Со Почит,
Централен регистар
Линк до соопштението на Централниот регистар на РСМ.
https://www.crm.com.mk