• ПОЧЕТНА
  • ЗА НАС
  • ПРЕТПЛАТА
  • КПУ
  • КОНТАКТ
  • ЛИНКОВИ
  • ПОЧЕТНА
  • ЗА НАС
  • ПРЕТПЛАТА
  • КПУ
  • КОНТАКТ
  • ЛИНКОВИ

Во „Службен весник на РСМ“ бр.148/26, објавени се измените и дополнувањата на Законот за работно ангажирање на лица

Врати се назад

Во „Службен весник на РСМ“ бр.148/26 објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за работно ангажирање на лица кој влегува во сила со денот на неговото објавување односно од 06 Јули 2026 година.

Со Законот за измени и дополнувања на Законот за работно ангажирање на лица, се уредува бројот на денови во кои едно лице може да биде работно ангажирано, како и ограничувања во однос на бројот на лица кои работодавачот може истовремено да ги ангажира.

Во продолжение следи споредбен преглед помеѓу Законот и Законот за изменување и дополнување на Законот за работно ангажирање на лица:

1. СЕ МЕНУВА ЧЛЕНОТ 11 ОД ЗАКОНОТ КОЈ СЕ ОДНЕСУВА НА МЕРКИТЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ЗЛОУПОТРЕБИ ОД РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ НА ЛИЦА

ЗАКОН ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ НА ЛИЦАЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ НА ЛИЦА
Работодавачот може да ангажира лица за вршење работа од сезонска или повремена природа најмногу до 120 дена во текот на календарската година, сметајќи ги календарските денови од првата пријава во евиденција на пријави и одјави на работно ангажирани лица на Агенцијата за вработување на РСМакедонија до последната одјава, при што се бројат само деновите кога има работно ангажирани лица, освен во секторот земјоделство, шумарство, рибарство каде што работодавачот може да ангажира лица за вршење работа од сезонска или повремена природа најмногу до 180 дена во текот на календарската година. Работодавачот може да го ангажира истото лице за вршење на работа од сезонска природа најмногу до 60 дена во календарската година, независно дали работното ангажирање е со прекин или без прекин. Работодавачот може да го ангажира истото лице за вршење на работа од повремена природа последователно или со прекин најмногу до 15 дена во еден месец или најмногу до 60 дена во календарската година.  Работодавачот од членот 6 од овој закон, за видовите на работите наведени во членот 5 од овој закон, може да ангажира лица за вршење на работи од сезонска или повремена природа најмногу до 180 дена во текот на една календарска година, независно дали работното ангажирање е со прекин или без прекин, сметајќи ги календарските денови од првата пријава во евиденција на пријави и одјави на работно ангажирани лица на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија до последната одјава, при што се бројат само деновите кога има работно ангажирани лица.  
  Лицето може да биде работно ангажирано кај повеќе работодавачи меѓутоа вкупното работно ангажирање на лицето кај сите работодавачи не може да биде повеќе од 12 часови во текот на денот.  (непроменето)
Лицето може да биде работно ангажирано кај повеќе работодавачи меѓутоа вкупното работно ангажирање на лицето кај сите работодавачи не може да биде повеќе од 12 часови во текот на денот.  
Работодавачот за видовите на работа наведени во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности за храна може истовремено да ангажира:
– најмногу до 10 лица и
– најмногу до 10% од вкупниот број на вработени лица кај истиот работодавач  
Работодавачот за видовите на работа наведени во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности за храна може истовремено да ангажира:
– најмногу 10 лица за работодавач кој има до 100 вработени и
– најмногу до 15% од вкупниот број на вработени, за работодавач кој има над 100 вработени.  
  Работодавачот НЕ МОЖЕ:
– да ангажира лице кое е во работен однос кај тој работодавач за вршење дополнителна или друг вид работа од сезонска или повремена работа;
– да ангажира лице кое било во работен однос кај тој работодавач во период од 12 месеци пред ангажирање на истото лице согласно со овој закон.
По исклучок, работодавачот може да ангажира лице доколку престанокот на работниот однос е поради исполнување на условите за старосна и семејна пензија.  
(непроменето)
Работодавачот НЕ МОЖЕ:
– да ангажира лице кое е во работен однос кај тој работодавач за вршење дополнителна или друг вид работа од сезонска или повремена работа;
– да ангажира лице кое било во работен однос кај тој работодавач во период од 12 месеци пред ангажирање на истото лице согласно со овој закон.
По исклучок, работодавачот може да ангажира лице доколку престанокот на работниот однос е поради исполнување на условите за старосна и семејна пензија.  

2. СЕ МЕНУВА ЧЛЕНОТ 19 СТАВ 3 ОД ЗАКОНОТ КОЈ СЕ ОДНЕСУВА НА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ЕВИДЕНЦИОНАТА ПРИЈАВА

ЗАКОН ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ НА ЛИЦАЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ НА ЛИЦА
Работодавачот е должен ангажираното лице да го пријави најдоцна до 10:00 часот, за лице кое работи во претпладневните часови (прва смена) или најдоцна до 15:00 часот, за лице кое работи во попладневните часови (втора смена), односно најдоцна до 22:00 часот доколку работи во ноќните часови (трета смена).  Работодавачот е должен пред почетокот на смената(прва, втора, трета) да поднесе пријава и да го пријави ангажираното лице.  

3. СЕ МЕНУВА ЧЛЕНОТ 23 ОД ЗАКОНОТ КОЈ СЕ ОДНЕСУВА НА ДЕЛОТ КОНТРОЛА И НАДЗОР

ЗАКОН ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ НА ЛИЦАЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ НА ЛИЦА
Ако инспекторот на труд при вршење инспекциски надзор утврди повреда на одредбите од овој закон за кои е предвидена прекршочна санкција согласно со членот 25 од овој закон, на субјектот на инспекциски надзор ќе му нареди, со решение за наредба, во рок од осум дена да ги отстрани утврдените неправилности и за истото да го извести инспекторот. На сторителот на прекршокот ќе му даде предлог за порамнување со издавање на прекршочен платен налог на одговорното лице или на овластено лице кај работодавачот, согласно со Законот за прекршоците. Ако работодавачот не го прифати прекршочниот платен налог, надлежниот инспектор ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка.  Ако инспекторот на труд при вршење инспекциски надзор утврди повреда на одредбите од овој закон за кои е предвидена прекршочна санкција согласно со членот 25 од овој закон, на субјектот на инспекциски надзор ќе му нареди, со решение за наредба, во соодветен рок да ги отстрани утврдените неправилности и за истото да го извести инспекторот, при што рокот го определува инспекторот согласно тежината на недостатокот, штетните последици предизвикани кон јавниот интерес или интересот на трети лица, како и времето кое е потребно за нивното отстранување. На сторителот на прекршокот ќе му даде предлог за порамнување со издавање на прекршочен платен налог на одговорното лице или на овластено лице кај работодавачот, согласно со Законот за прекршоците. Ако работодавачот не го прифати прекршочниот платен налог, надлежниот инспектор ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка.  
Ако сторителот на прекршокот ја плати одмерената глоба од прекршочниот платен налог во рок од осум дена од денот на издавањето на налогот, ќе плати половина од предвидената глоба, а инспекторот на труд ќе ја запре постапката со констатација во записникот, согласно со закон.  (непроменето)
Ако сторителот на прекршокот ја плати одмерената глоба од прекршочниот платен налог во рок од осум дена од денот на издавањето на налогот, ќе плати половина од предвидената глоба, а инспекторот на труд ќе ја запре постапката со констатација во записникот, согласно со закон.  
Ако сторителот на прекршокот не ја плати глобата од прекршочниот платен налог во рок од осум дена, инспекторот на труд ќе поднесе предлог за поведување прекршочна постапка пред надлежен орган, согласно со закон.  (непроменето)
Ако сторителот на прекршокот не ја плати глобата од прекршочниот платен налог во рок од осум дена, инспекторот на труд ќе поднесе предлог за поведување прекршочна постапка пред надлежен орган, согласно со закон.  
Против решението за наредба на инспекторот на труд е дозволена жалба до надлежен второстепен орган утврден со закон. Жалбата не го одлага извршувањето на решението за наредба.  Против решението за наредба на инспекторот на труд е дозволена жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до надлежен второстепен орган утврден со закон. Жалбата не го одлага извршувањето на решението за наредба.
Формата и содржината на прекршочниот платен налог се пропишуваат со акт што го донесува министерот за економија и труд.  (непроменето)
Формата и содржината на прекршочниот платен налог се пропишуваат со акт што го донесува министерот за економија и труд.  

4. ДОДАВА НОВА АЛИНЕЈА НА ЧЛЕН 25 СТАВ 1 ОД ЗАКОНОТ КОЈ СЕ ОДНЕСУВА НА ПРЕКРШОЧНИТЕ ОДРЕДБИ

ЗАКОН ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ НА ЛИЦА  ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ НА ЛИЦА
Глоба во износ од 200 до 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на микро и мал работодавач – правно лице, глоба од 300 до 600 евра во денарска противвредност на среден работодавач –правно лице, глоба во износ од 600 до 1.000 евра во денарска противвредност на голем работодавач – правно лице, ако:
– ангажира лице на работи спротивно на членот 9 од овој закон,
– не го запознае лицето со условите за работа утврдени во членот 10 став (1) од овој закон,
ангажира спротивно на одредбите од членот 12 став (1) од овој закон;
– не постапи во согласност со одредбата од     членот 13 алинеи 2, 6, 7 и 9 од овој закон и  
– не постапи по решението за наредба на инспекторот од членот 23 став (1) од овој закон.  
PrevПРЕДХОДНА ОБЈАВАОбјавен е новиот Закон за парничната постапка – „Службен весник на РСМ“ бр.151/26 од 08 јули 2026 год.
јули 9, 2026
Објавен е новиот Закон за парничната постапка – „Службен весник на РСМ“ бр.151/26 од 08 јули 2026 год.
Види повеќе >
јули 7, 2026
Процент на цените на мало за аконтацијата за месец јуни 2026 година е позитивен и изнесува 1,7%
Види повеќе >
јули 7, 2026
„СЛ. ВЕСНИК НА РСМ“, БР. 148/26 – ОБЈАВЕН Е ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ
Види повеќе >
јули 1, 2026
КАЗНЕНА КАМАТА ОД 01.07. – 31.12.2026
Види повеќе >
  • Скопје: ул. Бриселска бр. 9/1-8
  • Телефон: 02/ 3124-311; 02/ 3124-310
  • E-mail: info@konsaltingpekovic.mk
  • Политика за колачиња

2025 © Сите авторски права се задржани | Изработено со 🤍 од: WEB.mk