• ПОЧЕТНА
  • ЗА НАС
  • ПРЕТПЛАТА
  • КПУ
  • КОНТАКТ
  • ЛИНКОВИ
  • ПОЧЕТНА
  • ЗА НАС
  • ПРЕТПЛАТА
  • КПУ
  • КОНТАКТ
  • ЛИНКОВИ

Објавен е новиот Закон за парничната постапка – „Службен весник на РСМ“ бр.151/26 од 08 јули 2026 год.

Врати се назад

Во „Службен весник на РСМ“ бр.151/26 од 08 јули 2026 година, објавен е новиот Закон за парничната постапка кој влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија” односно 16 јули 2026 година , а ќе започне да се применува по истекот на шест месеци од денот на влегувањето во сила односно од 16 јануари 2026 година.

По исклучок, одредбите од членот 103 од овој закон, кои што се однесуваат на подготовката и текот на рочиште, односно расправа што се одржува на далечина или изведување на одделни докази на далечина со употреба на средства за електронска комуникација, електронските документи, електронската достава, електронски квалификуван потпис и дигитализирани примероци на судски одлуки и записници, ќе започнат да се применуваат по истекот на 18 месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Со денот на започнувањето со примената на овој закон, престанува да важи Законот за парничната постапка („Службен весник на Република Македонија” број 79/2005, 110/2008, 83/2009, 116/10 и 124/15).

Ако до денот на отпочнување со примена на овој закон е донесена првостепена пресуда или решение со кое постапката пред првостепениот суд се завршува, постапката се спроведува согласно Законот за парничната постапка („Службен весник на Република Македонија” број 79/2005, 110/2008, 83/2009, 116/10 и 124/15).

Ако по денот на започнувањето на примената на овој закон, биде укината горенаведената првостепена одлука, натамошната постапка се спроведува согласно овој закон.

Новиот Закон за парнична постапка, претставува еден од клучните реформски чекори во насока на унапредување на правосудниот систем и негово усогласување со современите европски стандарди. Со новите законски решенија се создаваат услови за побрзи, поефикасни и поквалитетни судски постапки, како и за поголема правна сигурност и подобра заштита на правата на граѓаните и правните лица.

Законот предвидува:

– зајакнување на улогата на судот во утврдувањето на фактичката состојба;

– воведување современи дигитални алатки во работењето на судовите како и

– поедноставување и забрзување на постапките, особено кај споровите од помала вредност.

Меѓу значајните новини е и можноста за електронска достава на писмена и одржување на судски рочишта преку електронски средства, со што дополнително ќе се намалат трошоците и времетраењето на постапките.

Законот воведува и претставнички тужби за заштита на колективните интереси и права, со што се проширува пристапот до правда и се создаваат нови механизми за правна заштита на граѓаните.

Воедно, предвидени се поправедни и попропорционални санкции во текот на постапките, а законските решенија се усогласени со останатите системски прописи со цел обезбедување кохерентен, функционален и предвидлив правен систем.

PrevПРЕДХОДНА ОБЈАВАПроцент на цените на мало за аконтацијата за месец јуни 2026 година е позитивен и изнесува 1,7%
јули 7, 2026
Процент на цените на мало за аконтацијата за месец јуни 2026 година е позитивен и изнесува 1,7%
Види повеќе >
јули 7, 2026
„СЛ. ВЕСНИК НА РСМ“, БР. 148/26 – ОБЈАВЕН Е ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ
Види повеќе >
јули 1, 2026
КАЗНЕНА КАМАТА ОД 01.07. – 31.12.2026
Види повеќе >
јуни 25, 2026
СООПШТЕНИЕ НА УЈП ЗА МИНИМАЛНИОТ ГЛОБАЛЕН ДАНОК НА ДОБИВКА
Види повеќе >
  • Скопје: ул. Бриселска бр. 9/1-8
  • Телефон: 02/ 3124-311; 02/ 3124-310
  • E-mail: info@konsaltingpekovic.mk
  • Политика за колачиња

2025 © Сите авторски права се задржани | Изработено со 🤍 од: WEB.mk