Во “Службен весник на РСМ”, бр. 271/24 објавено е даночното намалување при годишно пресметување на данокот на доход во висина од 123.240 денари за 2025 година.
Висината на даночното намалување од работа по основ на доход од работа од плата, надоместоци на плата и пензија, месечно се утврдува за 2025 година во износ од 10.270 денари.
Даночното намалување ќе се користи со исплатата на платата за месец јануари 2025 година.