Во Службен весник на РСМ број 35 од 14 февруари 2024 година беше објавена Одлука за донесување на националната класификација на дејностите – НКД Рев.2.1. Новата НКД Рев.2.1. се применува од 01 јануари 2025 година, односно 2025 година ќе биде година на прилагодување кон новата НКД.Рев.2.1.
Структура на НКД Рев.2.1
НКД Рев.2.1 е составена од пет хиерархиски нивоа кои се означени на следниот начин:
- сектор – се означува со две букви
- оддел – се означува со двоцифрена шифра
- група – се означува со трицифрена шифра
- класа – се означува со четирицифрена шифра
- поткласа – се означува со петцифрена шифра
За разлика од НКД Рев.2 во која најниско ниво беше класа (четирицифрена шифра), во НКД Рев.2.1 најниско ниво е поткласа (петцифрена шифра). Поткласата е воведено ниво за национални потреби.
Новата НКД Рев.2.1. ќе се применува и при пополнување на годишната сметка за 2024 година (при пополнување на СПД Образецот и на останатите полиња на обрасците од Годишна сметка за 2024 година).
Во продолжение следи линк до новата национална класификација на дејностите НКД.Рев.2.1. и споредбениот преглрд меѓу НКД Рев.2 и НКД Рев.2.1.
https://www.stat.gov.mk/KlasifikaciiNomenklaturi/Nkd.Rev.2.1.pdf